Реклама

(ВИДЕО) Богојески: Време е државата да ја валоризира загубата!

Petar Bogojeski

Нема назад, Македонија сега треба да ја валоризира загубата од промената на името, рече Петар Богојески, претседател на граѓанското движење „Македонски концепт“, при денешната посета на Велес. Според него, државата треба што побрзо да влезе во Европската унија и да седи „на исто столче“ со соседите, а потоа да разговара за со нив на рамноправно ниво.

Zito akcija 640x289px

„Сеуште не сме во можност да предизвикаме некој сосед, без притоа да претрпиме катастрофални загуби за нашата држава. Најдобро е ние да си го гледаме нашиот македонски интерес, да ја валоризираме загубата, а потоа можеме да зборуваме за разговори со соседите за обединет Балкан, за оној европски Балкан, каде што во таа обединета Европа ќе биде и обединета Македонија“, смета Богојески.

Agria

Движењето „Македонски концепт“ ќе се залага за реформа во судството, преку која ќе се изгради нов систем.

„Нашиот проект во оваа област го нарековме ‘Правдата прогледа’ со кој ќе направиме две круцијални одлуки за судството, поинаков начин на избор на судии и електронски систем кој ќе ги води судиите низ делење на правдата“, рече Богојески.

Elizabeta Bocvarova

Тој рече дека неговото движење се залага за намалување на бројот на министерствата на 12, но и намалување на бројот на пратениците, од сегашните 120, на 80, а тие волонтерски, без надомест да ја извршуваат пратеничката функција.

„Македонски концеп“ ја претстави листата на кандидати за пратеници во третата изборна единица, чиј носител е професорот по право Војо Беловски, а таму се наоѓа и велешанката Елизабета Костова Бочварова. Таа рече дека доколку ја добие поддршката од граѓаните, во Собранито ќе се залага за решавање на еколошките проблеми на Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7231/video-koczik-minimalnata-plata-ke-ja-zgolemime-za-40-proczenti/