Со влезот на Македонија во ЕУ се отвора пазар од 4 милијарди евра за нашите производи, за она што нашите земјоделци го произведуваат, рече кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Ненад Коциќ, на средбата со граѓани, која синоќа се одржа на плоштадот „Којник“ во Велес.
„Имаме и органско и традиционално земјоделство. Имаме најубави земјоделски производи, кои шт оен треба да се скапуваат, туку треба да се извезуваат на европските и светските пазари и да се плаќаат по цена, која што нашите земјоделци ја заслужуваат“, рече Коциќ.
Тој ги потсети присутните на основни столбови, на кои се темели програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори, а тоа се новата македонска економија, квалитетно здравство и социјална заштита.
„Имаше една шега која вели дека Меси и другарите во фудбалот заработуваат милијарди, а нашите лекари 300, 400, 500 евра. Е да, ама сега Меси никој не го бара, а лекарите ги бараа сите. Е, така е. Мораме здравството да го направиме многу поефикасно, многу подобро од она што беше пред три години. Во последните три години реновирани се 34 здравствени институции во земјава, а така ќе продолжиме и понатаму. Покачени се и платите на докторите. Денеска некои доктори од клиниките земаат плати и по 120 илјади денари“, рече Ненад Коциќ, кандидат за пратеник од листата на СДСМ и коалицијата „Можеме“.
Тој се осврна и на реформите на судството и рече дека неговата коалиција нема да дозволи судии кои го штитат криминалот. На собирот се обрати и втората велешка кандидатка за пратеник од оваа листа Даниела Стојановска Пановска. Како просветен работник, посебно ми е драго што успеавме да ги покачиме платите на просветарите, но во оваа криза со коронавирусот, со доделување ваучери, го зајакнавме и ученичкиот стандард, рече таа и постети на декларацијата која Општина Велес ја донесе, недела да се прогласи за неработен ден.
Можеби ќе ве интересира: