Како ќе се гласа? Ова се протоколите кои ги објави ДИК

dik_mk
izbori_2020_1

Државната изборна комисија го усвои протоколот за престојните избори предложен од Комисијата за заразни болести.

Zito akcija 640x289px

Секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете. Како што кажаа од ДИК, гласачите не треба да носат заштитни ракавици, тоа е задолжително само за членовите на избирачките одбори.

Agria

„На гласачот нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако предходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска“, вели Елизабета Постоловска – член на ДИК.

Маската смее да се извади само во моментот кога избирачкиот одбор треба да направи идентификација на гласачот.

„Гласачот е должен при покажувањето на лична карта, накратко да ја извади маската со цел за идентификација, а откако ќе се утврди идентификацијата, гласачот може да гласа. Овие се задолжителни чекори“, додаде Постоловска.

Гласачот е должен откако ќе гласа, гласачкото ливче да го пушти во кутијата, а потоа при излез повторно да направи дезинфекција на рацете.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: