Извршителите повторно ќе можат да блокираат сметки

komora_izvrshiteli

Денеска завршува важењето на уредбата со законска сила со која пред 3 месеци се запре извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите.

Според одредбите од оваа Уредба до 30 јуни, извршителите беа должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка.

Agria

За ова време извршителите можеа да примаат барања за извршување, но само да ги евидентираат. До сега можеа и да изготвуваат налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Во меѓувреме не запре пресметката на каматата на долгот што го имаат физичките и правните лица. До сега граѓанте и фирмите кои имаа задршки на плати или од сметки по основ на некое извршно решение, за истото до 30 јуни не требаше да плаќаат, односно банката не смееше да им задржува рата во висина која била договорена.

Извршителите за овој период тврдеа дека приходите ќе им бидат намалени за над 90 отсто и вели дека ова ќе се одрази на нивната работа.

Инаку и работодавачите и ФПИОМ и носителите на платниот промет односно банките беа должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: