Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека не го прифаќа условот на ДУИ за Албанец премиер и е спремен да му отстапи пратеници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да формира малцинска влада.
„СДСМ нема да дозволи да биде уценуван. Ако тоа биде условот за да бидеме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ. Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на господинот Мицкоски оти толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска влада, или ќе барам од него да ни отстапи 6, оти толку ќе ни требаат нас за да формираме малцинска влада“, рече Заев, на синоќешниот дуел со неговиот политички опонент, кој се одржа на Телевизија 24.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му одговори на Заев дека математиката не му е добра страна.
ДУИ го промовираше поранешниот пратеник Насер Зибери како кандидат за премиер и води кампања под мотото „Зошто да не“ за премиер Албанец.
Можеби ќе ве интересира: