Реклама

На 13 јули ќе гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните

dik_1

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. Право на глас на претстојните парламентарни избори на 15-ти јули имаат милион 814 илјади 263 граѓани.

Zito akcija 640x289px

Со шест илјади повеќе од минатите избори за пратеници, првиот човек на Државната изборна комисија тврди дека на Избирачкиот список нема фантомски гласачи.

Agria

Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош. 

Избирачкиот список е завршен четири дена пред законскиот рок, вели членот на ДИК Борис Кондарко, истакнувајќи ја ажурноста на Комисијата и соработката со другите институции.

Тој исто така изјави „Покажавме како ДИК може за неполни осум – девет дена да ги заврши сите дејствија во врска со ажурирањето, а не за многу повеќе денови (45-50) како што се споменуваше во јавноста“.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до Општинските изборни комисии најдоцна до 8 јули на полноќ.

По заклучувањето на Избирачкиот список, ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик.

Можеби ќе ве интересира: