Укинување на извршителите е една од мерките во изборна програма на политичката партија „Левица“, која денеска ја провираше локалниот огранок на оваа партија од Велес. Од „Левица“ велат дека мерката е во согласност со заложбите на партијата за правата и интересите на работниците и работничката класа.
„На сите неправди и штетни дејствија кои што извршителите ги направија и сè уште ги прават на обичните граѓани, кои неретко за само еден денар заостанат долг, беа ограбувани по десетици илјади денари поради извршителските такси и останати фиктивни трошоци, Левица ќе им стави крај и нема да дозволи никогаш повеќе да се повторуваат легалните грабежи кон граѓаните на Република Македонија“, рече Бобан Кочовски, кандидат за пратеник на „Левица“.
Кочовски смета дека подобро општество е неопходно и можно и затоа побара од поддршка од гласачите за, како што рече“ „Левица во Парламент“.
Можеби ќе ве интересира: