(ВИДЕО) Ненад Коциќ: Македонскиот е официјален јазик на ЕУ, тоа е доказ за исправните политики на нашата влада!

Nenad Kocic 03.07.2020 naslovna
Nenad Kocic 03.07.2020

Кандидатот за пратеник од Велес од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ Ненад Коциќ смета дека добивањето преговарачка рамка од Европската унија е доказ дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ ја турка земјава напред, кон достигнување на европските вредности. На сноќешната средна со граѓаните, Коциќ ја претстави изборната програма на неговата коалиција и зборуваше за достигнувањата, но и плановите во економијата, социјалата, здравството, надворешната политика, правосудството и екологијата.

Zito akcija 640x289px

„Пред два дена добивме рамка за преговори со ЕУ во која што пишува дека во ЕУ ќе се употребува македонскиот јазик. Со тоа паднаа во вода лагите на нашиот политички противник дека сме го продале јазикот, дека сме го продале идентитетот и дека сме ја продале нашата историја. Напротив, македонскиот јазик е зацементиран и во иднина, во Европскиот парламент нашите претставници ќе говорат на македонски јазик. Тоа е голема придобивка за нашата историја, затоа што долго време македонскиот јазик не бил признат, бил потценет, но денеска станува дел од европското семејство на јазици. Мислам дека со нас сега се гордеат и Прличев и Рацин и Конески и сите творци и дејци на современиот македонски јазик“, рече Коциќ.

Agria

Втората кандидатка за пратеник од оваа коалиција Даниела Стојановска Пановска во своето обраќање рече дека владата предводена од СДСМ ги зголемила пензиите, социјалната помош, платите на лекарите, медицинскиот персонал и на просветарите и вети зголемувања и во следниот четириготишен мандат.

Daniela Stojanovska Panovska 03.07.2020

„Ги покачивме пензиите, меѓутоа остана една работа која што треба допрва да ја завршиме, а тоа е да се зголемат пензиите на оние со најниски пензии. Таа пензија ќе изнесува 10.770 денари. Меѓутоа, овие денови го слушнавме и гласот на оние пензионери кои земаат пониска пензија, како тие не беа вклучени во ваучерите, но оваа влада донесе одлука дека сите пензионери со пензии под 15 илјади денари, ќе можат да добијат ваучери“, рече Стојановска Пановска.

На граѓаните на синоќешната средба им се обрати и д-р Страхил Тодоров од велешката Итна медицинска помош, кој рече дека тој е еден од 780-те нововработени лекари во мандатот на владата на СДСМ, со што оваа партија покажала дека се грижи за здравството.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: