Реклама

Мицкоски: Најнизок данок во Европа од 8 %, и невработеност под 10 %

mickoski (1)

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на партиски настан во Петровец пред граѓаните, се обврза со над 1000 проекти со кои ќе го подобри животот.

Zito akcija 640x289px

„Минимум четири милијарди евра домашни, но и странски инвестиции реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега“, кажа Мицкоски.

Agria

Тој пред граѓаните рече дека се обврзуваат и на минимум 25 % поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20 % поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите.

„Најнизок данок во Европа од 8 %, невработеност под 10 %, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0 % данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10 % до крајот на 2021 година“ кажа Мицкоски.

На средбата со граѓаните во Петровец Мицкоски порача дека на овие избори имаат еден избор бидејќи на на една старана се наоѓаа криминал, неправда и понижувања предводени од СДСМ и Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7826/sportskite-legendi-predodoa-donaczija-vo-sportska-oprema-na-nivnite-nasledniczi-od-veles/