Eден од најпознатите композитори на филмска музика,Енио Мориконе почина денеска на 91 година, објави италијанската новинска агенција АНСА. Мориконе починал во клиника во Рим од последиците на пад минатата недела, кога скршил бутна коска.
Тој е роден во Рим во 1928 година. Напишал музика за повеќе од 400 филмови, но неговото име најтесно се поврзува со италијанскиот режисер Серџо Леоне, со кој соработуваше на некои од најпознатите шпагети вестерни, почнувајќи од „За грст долари“ од 1964 година, па сѐ до неговиот последен филм „Беше еднаш во Америка“.
Мориконе работеше во сите филмски жанрови и некои негови мелодии ја надминаа популарноста и на самите филмови.
Седум пати беше номиниран за Оскар и конечно го освои во 2016 за едно од своите последни дела, „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, девет години откако му беше доделена почесна статуетка.
Можеби ќе ве интересира: