Законот во делот за судење по скратена постапка за насилство мора да се менува. Ова е ставот на невладината „ЕХО“, откако насилниците што во јануари тепаа девојка, а целиот настан го снимаа со мобилен и покрај правосилната пресуда ќе бидат на слобода најмалку до септември.
Нема основ тие и понатаму да останат во притвор. Тоа вели правниот тим на нападната девојка е доказ за слабоста на ова законско решение. Сега девојката е во паника, а целиот тим што изминативе месеци работи со неа разислува и за дополнителни мерки за безбедност.
„Ние како правен тим и здружение ЕХО ќе бараме од државата во Законите целосно да се имплементира Истанбулската конвенција за заштита од насилство. Овој предмет изнесе една очигледна слабост што ние ќе бараме да се промени“, вели Билјана Андонова, дел од правниот тим на нападната девојка.
Нивната реакција доаѓа откако двајцата насилници излегоа од притвор и покрај тоа што Апелацискиот суд во Штип им ја потврди пресудата од 2,6 години. Законот вели дека тие не можат да бидат во притвор подолго од 60 дена, а поради владината Уредба со која отслужувањето на кани затвор до три години, поради пандемијата, се одлага до септември, тие остануваат на слобода. Нивниот бранител не гледа опасност бидејќи тие и пред судот се покајале за стореното.
“Не знам зошто не би биле достапни кога они признаа вина. Колку што знам јас не мислат да бегаат. Не знам зошто би го повториле делото, навистина не знам. Немаше никакви индиции дека имаат таква намера.” вели бранителот на обвинетите Валентин Зафиров.
Дополнителна заштитна мерка е што осудените момчиња имаат забрана да и се приближат на девојката најмалку уште една година. Ако го прекршат ова прават ново криично дело што само може да им донесе нова казна затвор. Апелалицискиот суд одлучи да ги потврди казните на двајцата насилници на 25 јуни отфрајлаќи го и барањето на штипското обвинителство за повисоки казни.