Ова не се обични избори, ова се избори за вистинска пресвртница, бидејќи изборот е помеѓу Македонија со искривена кичма, помеѓу неправдата и криминалот од една страна и правдата, чесноста, но и достоинствена, исправена и горда Македонија од друга страна, рече вечерва пред велешани лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат без страв и да гласаат, бидејќи, како што рече тоа води кон обединување и порача дека не е важно што државата направила за нас, туку што ние правиме за неа. Мицкоски го обвини СДСМ дека владее со страв и уцени, тргувајќи со името, идентитетот и јазикот.
На собирот со велешани се претстави носителот на листата во изборната единица 3 Игор Јанушев. Тој вети дека во следните четири години владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе ги покачи платите за 25, а пензиите за 20 проценти, ќе го врати рамниот данок кој ќе изнесува 8 проценти, ќе ја гасифицира земјата и ќе донесе домашни и странски инвестиции во висина од 4 милијарди евра и ќе го изгради автопатот Скопје – Велес – Прилеп – Битола, се до грчката граница. Јанушев го повика СДСМ да каже барем еден проект кој го направиле за последните три години.
Јанушев вети дека ако дојде на власт, ВМРО ДПМНЕ ќе донесе правда за патриотите, кои, како што рече, биле неправедно и политички осудени. На средбата пред граѓаните се претстави и кандидатот за пратеник од Велес Игор Здравковски.
Можеби ќе ве интересира: