Големи полициски сили за разбивање демонстрации околу три часот по полноќ ги растераа неколку часовните насилни протести што започнаа претходната вечер по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, дека полициски час може повторно да се воведе заради зголемувањето на бројот на луѓе кои се заразени од коронавирусот.
Со интервенција на полицијата со коњи, специјални оклопни автомобили “хамви”, во придружба со полициски кучиња и голем број на луѓе во цивил, јавува српската агенција Бета. Полицијата претходно успеа да ги растера учесниците на протестот на платото пред Собранието на Србија. Демонстрантите се собраа во центарот на Белград извикувајќи „Вучиќ крадец“, „Оставка“.
Министерот за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ, кажа дека неговата партија ги осудува инцидентите и насилниот упад во Народното собрание.
Претседателот на Србија на вонредна прес-конференција кажа дека во Белград за време на викендот ќе биде воведен полициски час, најверојатно од петок во 18 часот до пет часот наутро во понеделник, како и дека ќе биде забрането собирање на повеќе од пет лица во отворен и затворен простор. Опозицискиот Сојуз за Србија за денеска во 18 часот во Белград најави протест против полицискиот час.
Можеби ќе ве интересира: