Црногорското Министерство за здравство вчера прогласи епидемија во пет општини на северот на земјата, поради зголемениот број на случаи на ковид-19, а Институтот за јавно здравје пријави 66 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата, што е рекорден број за еден ден. Покрај тоа има и две починати лица.
За нешто повеќе од три недели, 583 луѓе се заразиле во Црна Гора, од кои осум починале. Тоа е скоро двојно повеќе заразено отколку во првиот бран кога 324 луѓе биле заразени со коронавирус, а девет лица починале.
Црна Гора, која стана прва земја без коронавирус во Европа, прогласи крај на епидемијата во земјата на 2 јуни, по 28 дена без нови случаи на ковид 19.
Вториот бран на заразата започна на 14 јуни, кога беа потврдени првите случаи на црногорските граѓани кои присуствуваат на фудбалски натпревар во Белград меѓу Партизан и Црвена звезда. Нешто подоцна, се појави ново жариште во Рожаје, град на границата со Србија, на 60 километри оддалеченост од Нови Пазар.
„Во моментов има 90 активни случаи на 100 000 жители во Црна Гора“, велат здравствените власти на земјата.
Можеби ќе ве интересира: