163 граѓани се позитивни на тестот за коронавирус во последните 24 часа. Во истиот период починале и осум пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во Велес во последното деноноќие нема новозаразени граѓани, а во исто време седуммина го прележале вирусот.
Бројот на оздравени пациенти и денеска е поголем од бројот на заразени во едно деноноќие. Вкупно 230 пациенти се опоравиле и се негативни на двата теста за коронавирус.
Најголем број од новозаразените доаѓаат од Скопје, а двоцфрени бројки се регистрирани во Штип и Тетово. По градови состојбата изгледа вака:
- Скопје 87
- Куманово 7
- Дебар 2
- Штип 10
- Прилеп 3
- Тетово 16
- Струга 8
- Охрид 1
- Кавадарци 1
- Демир Хисар 1
- Гостивар 8
- Струмица 1
- Кратово 1
- Свети Николе 9
- Кичево 3
- Ресен 5
Починати се шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово. Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања.
Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.
Можеби ќе ве интересира: