Реклама

Тројца починати и нови 168 заразени со коронавирус

Korona bolen

Нови 168 заразени со коронавирус се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Тие се откриени, откако се направиле 1470 тестови, што изнесува 11,4 проценти позитивни, во однос на вкупшниот број тестови.

Zito akcija 640x289px

Во Велес и денеска не се регистрирани нови заразени граѓани. Од почетокот на епидемијата до сега, во овој град се регистрирани вкупно 198 инфицирани граѓани, од кои 149 оздравеа, 13 починаа, а 36 случаи сè уште се водат како активни.

Agria

Во последните 24 часа тројца пациенти починале, двајца од Скопје и еден од Гостивар.

Скопје и денеска има најмногу заразени граѓани, вкупно 83 нови во последното деноноќие. Висок број на инфицирани има и во Тетопво, 26. Состојбата по градови изгледа вака:

  • Скопје 83
  • Куманово 8
  • Дебар 2
  • Штип 6
  • Прилеп 3
  • Тетово 26
  • Струга 5
  • Битола 2
  • Охрид 8
  • Гостивар 8
  • Крива Паланка 1
  • Крушево 1
  • Кочани 1
  • Пробиштип 2
  • Македонски Брод 1
  • Свети Николе 4
  • Кичево 6
  • Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица, од кои еден велешанец. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Можеби ќе ве интересира: