![duel Kocic - Zdravkovski](https://batali.net/wp-content/uploads/duel-kocic-zdravkovski.jpg)
Батали.нет го организираше првото телевизиско соочување на кандидатите од Велес од двете најголеми коалиции, Ненад Коциќ од СДСМ и коалицијата „Можеме“ и Игор Здравковски од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова“.
Во 100-те минути дебата, се дискутираше на седум теми – економија, социјала, право, здравство, надоврешна политика, спорт и екологија, а на крајот од дебатата секој кандидат имаше обраќање кон гласачите.
Двајцата кандидати имаа исти услови за дебата, по три минути за образложување на темата и два пата по една минута реплика и контрареплика.
Интересни беа дискусиите во речиси сите области, но најжестока дабата и се разви кога Коциќ и Здравковски ги вкрстија аргументите околу надворешната политика, името, националноста и јазикот. Не помалку интересни беа дискусиите во темата за владеење на правото и правната држава и дебатата за здравството и борбата со коронавирусот.
Во породолжение, погледнете ја дебатата:
Можеби ќе ве интересира: