Гласањето на 15 јули ќе биде сто проценти безбедно, доколку ги почитуваме мерките за заштита од короанвирусот, рече Јагода Шахпаска, кандидатка за пратеничка на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во третата изборна единица. Таа рече дека излегувањето на гласање нема да биде ништо поразлично од одењето во маркет, аптека, банка или некоја друга секојдневна активност.
Шахпаска ја побара поддршката од граѓаните за уште еден мандат, за да може, како што рече, да ги продолжат добрите политики.
„Да не ја испуштиме шансата која заедно ја создадовме за оваа убава земја и нејзиниот народ. Во моментов нема подобра опција во државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува и да се врати ВМРО ДПМНЕ. Тоа ќе донесе хаос во државата. Останувањето дома значи и враќање на власт на ВМРО ДПМНЕ и Груевски. Не гласањето носи ризик да изгубиме сè што постигнавме заедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате. На 15 јули заокружете го бројот 3 на коалицијата „Можеме“ за сигурност, затоа што глас за ВМРО ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот“, рече во своето завршно обраќање пред велешани Јагода Шахпаска.
Можеби ќе ве интересира: