Пуштен е на домашно лекување Иван Огненовски, првиот пацинет во Македонија на кого му беше трансплантирано срце. По еден и пол месец од операцијата, 54-годишниот Иван се чувствува добро.
Него денеска го посетија министерот за здравство Венко Филипче и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Посакувајќи му добро здравје, министерот Филипче уште еднаш изрази длабока почит кон семејството на Емилија Динева, која беше донор на срцето.
„Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување. Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти“, рече министерот Филипче.
Можеби ќе ве интересира: