(ВИДЕО) Горан Милевски: На државата и треба стабилна влада!

Goran Milevski

На Македонија во овој момент и треба стабилна влада, која ќе ги продолжи реформите во сите сегменти на живеењето и која ќе го продолже европскиот пат на земјата, рече Горан Милевски, лидерот на Либерално демократската партија (ЛДП), во своето завршно обраќање, кое го имаше во Велес.

Zito akcija 640x289px

Милевски рече дека ЛДП е дел од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, но дека за време на кампањата, преку паралелна кампања, партијата се обидела на граѓаните да ги претстави либералните идеи.

Agria

„Ги повикувам сите граѓани да излезат и да го дадат својот глас, да не оставаме други да одлучуваат за нашата судбина, бидејќи условите во кои што функционира државата и опкружувањето, решавањето на проблемот со Косово и слично, нужно е државата да има една стабилна влада“, рече Милевски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8286/dneven-rekord-vo-czrna-gora-87-novi-sluchai-i-dva-smrtni-sluchai/