Реклама

Вечерва после полноќ започнува предизборниот молк

izbori_2020_1

Вечерва на полноќ завршува предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда.

Zito akcija 640x289px

Утре гласаат лицата заразени со коронавирусот и оние кои се во самоизолација, а во вторник на 14 јули болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Agria

Поради состојбата со ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Сите 3.840 избирачки гласачки места на 15 јули ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Денот кога се закажани изборите е прогласен за неработен.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8324/povredeni-13-licza-vo-soobrakajka-vecherva/