Реклама

Француски епидемолог очекува делотворна вакцина против Ковид-19 најрано во 2022 година

covid1105

Францускиот епидемиолог Арно Фонтане не очекува дека целосно делотворна вакцина против коронавирус ќе биде достапна пред 2022 година.

Zito akcija 640x289px

“Развојот на вакцина, по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина во 2021 година”, изјави Фонтане за телевизијата БФМТВ.

Agria

Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.

Фонтане рече дека граѓаните ќе треба да живеат со коронавирусот долго време и затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.

“Ајде да се придржуваме до правилото за држење дистанца ова лето – барем тоа”, рече тој, додавајќи дека најголемата опасност доаѓа од големите собири.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8283/nad-12-milioni-luge-zarazeni-so-kovid-19-shirum-svetot/