Реклама

Тешко ја поднесуваме пандемијата? А што да кажат нашите предци!

sto da kazat nasite predci 1

Замисли си дека си роден во 1900 година.

Zito akcija 640x289px

Кога си бил 14 години, Првата светска војна започнала. Завршила кога ти си имал 18 години со биланс од 22 милиони мртви луѓе.

Agria

Наскоро после глобалната пандемија од Шпанскиот грип умреле 50 милиони луѓе. И ти си сè уште жив и имаш 20 години.

Кога наполни 29 години, ја преживеа глобалната економска криза која што започна со колапсот на берзата во Њујорк, предизвикувајќи инфлација, невработеност и глад.

На твои 33 години нацистите доаѓаат на власт.

sto da kazat nasite predci 2

На 39 годишна возраст започна Втората светска војна и заврши кога ти наполни 45 години, со биланс од 60 милиони мртви луѓе. Во Холокаустот шест милиони Евреи починаа.

На твои 52 години започна Корејската војна.

На твои 64 години почна Виетнамската војна, која што заврши кога ти наполни 75 години.

Дете родено во 1985 мисли дека дедо му и баба му немаат поима колку е тежок животот, но тие имаат преживеано неколку војни и катастрофи.

sto da kazat nasite predci 3

Денес се опкруживме со нова пандемија. Но, ние се жалиме затоа што треба да носиме маски. Се жалиме затоа што мора да останеме затворени во нашите домови каде што имаме храна, струја, чиста вода, интернет конекција, најразлични телевизиски канали, филмови, музика. Ниту едно од овие не постоело во минатото.

Но, човештвото ги преживеало овие околности и никогаш не ја изгубило радоста на живеењето. Мала промена во нашата перспектива може да генерира чуда. Треба да сме благодарни затоа што сме живи. Треба да направиме сè што е потребно, за да се заштитиме и да си помогнеме еден на друг.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/2257/shto-navistina-ni-napravi-koronviruso/