понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Гласаат старите и немоќни лица и во затворите

Glasanje stari lica

92 годишната Стојанка Демјанска досега не пропуштила  избори. Таа и денес го даде својот глас заедно со 196 штипјани чии барања беа прифатени од Општинската изборна комисија. Годините не и дозволуваат да зборува долго ама задоволна е што сега кога здравјето е попуштено може да гласа и дома.

Zito akcija 640x289px

„Очекуваме секогаш поубаво, но како ќе испадне така“, вели Стојанка Демјанска.

Agria

Дома гласаше и нејзиниот сосед што живее неколку куќи подолу во штипското маало Кадидере. Му помага сопругата Марика, која вели дека е добро да се слушне гласот на сите граѓани кои од различни причини не можат да дојдат на избирачките места.

„ Па луѓе има кои не можат одат на гласање, па овака дома можат да гласаат секој по своја желба“ вели Марика Филова

Денес се гласа и во штипскиот затвор. Со протоколи, маски и дезифинценси гласаа 192 осуденици од вкупно 40 општини. Не се очекуваат проблеми, а гласчките ливчиња во посебни пликоа ќе бидат доставени до општинските изборни комисии.

„Постапката е таква да се запишуваат броевите на оние кои гласале, а потоа за секоја општина се става во жолто плико и се доставуваат во ОИК Штип, а потоа тие ги доставуваат во Оштинските изборни комисии од каде се осудените лица“ вели Трајко Јолев претседател на ИО во затвор Штип.

Вчера во Штип гласаа лицата во државен карантин. Пријавени беа 45 луѓе, но гласале 43. Еден од пријавените во меѓувреме бил хоспитализирана на инфективно, а другиот немал важечка легитимицаја.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8396/pronajdena-mrtva-zhena-vo-stan-vo-czentarot-na-veles/