Кандидатот за премиер на една политичка партија Насер Зибери е позитивен на коронавирус. Решението дека е позитивен на Ковид-19 политичарот го добил денес. Засега е непознато каде се заразил.
Во текот на изборната кампања, Зибери имаше контакт со илјадници луѓе и функционери. Во неколку медиуми на албански јазик се појавија и фотографии од политичарот како влегува во болницата „Систина“.
Официјално, сѐ уште не се знае зошто Зибери бил во „Систина“, како што покажуваат фотографиите.
Можеби ќе ве интересира: