Реклама

Владимир Панчевски се бара со потерница

vladimir pancevski

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница. МВР ја распиша, по барање на Основниот суд во Велес. Ова е епилогот откако во петокот полицајците не успеаја да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата е објавена на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Zito akcija 640x289px

„Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 1.5.1974 во Скопје, со живеалиште на ул. Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.

Agria
Vladimir Pancevski poternica

Полицијата го барала Панчевски во петокот, но тој не бил достапен за органите на прогонот. Тогаш, тие испратиле допис до СВР Велес, од каде, пак, го известиле судот кој дописот го добил денес.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.