Комби натоварено со 18 мигранти е фатено вчера на стариот пат Неготино – Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби. Возачот на комбито 33-годишниот В.Т: од Скопје е уапсен и приведен во полициска станица.
Комбито со мигрантите е фатено вчера околу 14:30 часот, кога полициска патрола го сопрела и во товарниот дел пронашла 18 полнолетни мигранти од Бангладеш.
„На 16.07.2020 околу 14.30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш (сите полнолетни). Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Мигрантите се сместени во прифатниот тразнитен центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за инцидентот известен и јавен обвинител.
Можеби ќе ве интересира: