(ВИДЕО) Ромски улични свадбари во Велес, ниту носат маски, ниту држат растојание

svadba vlaska crkva
svadba vlaska crkva

Ниту вчерашниот неславен рекорд од 241 заразени во земјава од коронавирус, ниту „црните“ сценарија на американскиот Институт за здравствени мерења од Сиетл дека ако не се почитуваат мерките, во Македонија до 1 ноември ќе починат 1800 луѓе од вирусот, не ги поколебаа овие жители на Велес од ромска националност да си организираат свадба, без носење маски и држење растојание.

Zito akcija 640x289px

Ова се случува денеска низ улиците на градот, поточно на ширинката кај јаворот, во близина на црквата „Света богородица“. Иако забраната за организирање веселби поради опасност од ширење на вирусот се уште е на сила, овие луѓе го прекршуваат законот, а засега, надлежните ги нема да реагираат. Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: