Реклама

83 оздравени и 127 нови случаи на заразени од коронавирусот

corona_cure

За разлика од вчера преполовен е бројот на позитивни случаи на коронавирус во државава. Министерството за здравство регистрира 127 случаи на ковид 19.

Zito akcija 640x289px

Најмногу во Скопје 57, а со двоцифрена бројка се и Штип 13, Свети Николе 12и Струга десет. Гостивар има осум а Охрид седум случаи, Тетово шест, Кичево четири,Пробиштип и Кратово по два, и по еден позитивен случај на коронавирусот има во Кавадарци и Демир Хисар.

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица, а починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8774/shtip-zharishte-na-koronavirusot-grad-so-najvisoka-stapka-na-zarazeni/