Маж на возраст од 50 години се удави вчера попладне во водите на езерото кај селото Подлес, близу Градско. Човекот, заедно со уште неколку пријатели седеле на летниковец близу езерото. Во еден момент несреќниот Т.М. отишол да се капе. По кратко време неговите пријатели забележале тело на површината на водата. Тие веднаш повикале полиција и брза помош, но лекарите констатирале смрт.
„На 19.07.2020 околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во акумулацијата на браната „Подлес“ бил пронајден удавен Т.М.(50) од нас. Градско. Бил извршен увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: