Реклама

Ќе се проширува инфективното одделение

Infektivno Stip

Ќе се проширува инфективното одделение во Штип. До зградата на ова одделение ќе биде поставена монтажна болница. Денес ќе се одредува локацијата по што ќе следуваат мерењата и ќе се знае колку модули ќе бидат поставени и колку дополнителни кревети ќе се добијат. Одлуката доаѓа откако речиси се исполни и проширеното инфективно по преселбата на пациентите од неврологија. Бројката на пациенти згрижени до утринава е 53, а вкупниот капацитет со ставање на дополнителни кревети е 60.

Zito akcija 640x289px

Од денес со работа почнуваат и геодетите во Кочани. И таму ќе се мери просторот за да се утврди колку модули од монтажната модули ќе може да бидат поставени до тамошната болница, но тоа според најавите се подготвува за евентуалниот есенски бран на вирусот.

Agria

„Локацијата е веќе одредена. Урбанистите од општината ќе дојдат да извршат мерења за поставување на модулите. Во еден модул има место за 10 пациенти, колку ќе бидат поставени ќе зависи од просторот. Тие ќе бидат поврзани со тунел со зградата на болницата“, вели Александар Серафимов, директор на општина болница – Кочани.

Штип останува град со највисока стапка на заразени со коронавирус на 100.000 жители во државата. За помалку од една недела бројката на нови позитивни случаи е над 140. 

Од Центарот за јавно здравје обвинија дека граѓаните се опуштени, не носат маски, а има и семејни собирања. Засега нема одлука за репресивни мерки за Штип и соседно Свети Николе каде веќе има 182 активни случаи. Сите поврзани со една конфекција во градот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8795/registrirani-301-prekrshok-za-ne-nosene-maski/