Реклама

Десет починати и нови 96 случаи со коронавирус е билансот од последните 24 часа

Korona bolen

Десет пациенит починаа како последница од заразата со короанвирус во последните 24 часа. Четири пациенти се од Скопје, двајца од Куманово, а битката со вирусот ја загубија и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Zito akcija 640x289px

Нови 96 заразени со коронавирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Од нив, најголем дел доаѓаат од Скопје и Штип, кои имаат ист број на новозаразени, по 24. Во останатите градови бројот на инфицирани е едноцифрен. Во истиот период во Велес нема нови случаи на коронавирус. Новите 96 случаи се откриени откако се направени 724 тестирања.

Agria

По градови, состојбата е следна:

  • Скопје 24
  • Куманово 6
  • Штип 24
  • Прилеп 1
  • Тетово 7
  • Струга 9
  • Битола 1
  • Охрид 6
  • Гостивар 4
  • Струмица 3
  • Крива Паланка 1
  • Радовиш 5
  • Кочани 2
  • Свети Николе 3

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

  • Скопје 27
  • Куманово 16
  • Прилеп 4
  • Тетово 4
  • Кавадарци 1
  • Гевгелија 1
  • Крива Паланка 3
  • Кратово 1
  • Кичево 1
  • Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8822/vakczinata-protiv-koronavirus-razviena-od-univerzitetot-oksford-dava-mnogu-dobri-rezultati/