
Ракометниот интернационалец велешанецот Виктор Гигов од денес е нов член на грчки ПАОК. Попладневно, ПАОК се пофали дека нивниот нов голман е Виктор Гигов, 42. годишниот Македонец кој веќе има искуство од играње во грчкиот шампионат, од настапите во Аполон.
Гигов потекнува од Борец од Велес, а има богата меѓународна кариера, бранеше на Исланд, Хрватска, Јужна Кореја.
Последните девет години беше во Турција, три години го носеше дресот на Мерсин, потоа замина една година во Кајзери , а потоа две години во Селкаспор, додека претходните две сезони ги играше во дресот на Анталијаспор.
Можеби ќе ве интересира: