Народниот музеј во Белград пријави кражба на неодамна откриениот римски камен споменик со врежан текст на латински.
Овој интересен споменик е пронајден во петокот, 10 јули 2020 година, за време на работите на патот што води кон депонијата Винча. Еден од работниците веднаш го известил Народниот музеј во Белград за откритието, по што музејскиот експерт пристигнал на местото следното утро за да го испита споменикот подетално.
Тој констатирал дека станува збор за римски мермерен споменик од II век од нашата ера. Од едната страна имало сандали на две нозе, кои биле дел од претходната скулптура, додека од другата страна бил натпис на латински. На натписот е прикажана целата биографија на еден римски официјален претставник, кој според Народниот музеј, му припаѓал на високо рангирано воено лице кое водел разни воени одреди за време на неговата воена служба.
Бидејќи споменикот бил многу тежок, експертите морале да организираат соодветно транспортно возило и одреден број работници за да го заштитат.
Музејот се договорил со управата на депонијата, споменикот да биде складиран во некои од просториите на депонијата, да биде заштитен во текот на ноќта во согласност со можностите, за да може безбедно да се пренесе во Народниот музеј во Белград во понеделникот наутро.
Сепак, споменикот исчезнал помеѓу саботата во 17 часот и недела во 8 часот.
„Бидејќи археолошките предмети откриени на територијата на Република Србија со закон припаѓаат на Република Србија, а имајќи предвид дека експертите во музејот го снимиле и епиграфски го завеле споменикот, покрената е управна постапка за негово преземање, неговото „исчезнување“ се смета за тешка кражба“. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава. Во тек е полициска истрага, стои во соопштението од Народниот музеј Белград.
Можеби ќе ве интересира: