Реклама

(ФОТО) Заработката од првото кино на отворено донирана за децата без родителска грижа во Велес

Невладината младинска организација „Transparent Future“ во корелација со ЈУМ ЦСР Велес, денес подели 20 таблети на децата без родителска грижа, кои живеат во згрижувачки семејства на територија на град Велес, се со цел обезбедување подобри услови за следење на онлајн настава која произлезе како примарна потреба од новонастанатата состојба предизвикана од вирусот Ковид 19.

Zito akcija 640x289px

Таблетите се обезбедени од добивката од првата проекција на Drive In Cinema, која пред дваесеттина дена се одржа на паркингот пред маркетот Кит-Го.

Agria

„Мотото ни беше „Од Велес за Велес“. Денес можете да видите дека стоиме на нашиот збор. Денес предизвикавме емоции на среќа и радост кај 20 дечиња и им покажавме дека не се заборавени. Големината на секој од нас е во умеењето да споделуваме и делиме со другите околу нас, нешто што го потврдија младите луѓе кои се движечка сила на невладината младинска организација Transparent Future. Овие дечиња се нашле во оваа ситуација, не по своја вина и ние сакаме да им помогнеме да излезат од неа. А, единствен вистински начин за тоа е преку нивното образование. Исто така, подаривме и кревет на дете од социјално загрозено семејство кое поради немање на услови досега немало таква можност“ рекоа од невладината младинска организација „Transparent Future“ од Велес.

Претставниците на оваа невладина организација се млади луѓе кои даваат одличен пример како се негуваат вистинските вредности. Тие им се заблагодарија на сите луѓе, државни организации и приватни компании, кои на било каков начин учествуваа во овој проект.

„Вредеа часовите, деновите и ноќите поминати на сонце, на ветар и дожд, за овој половина час. Половина час исполнет со среќа, радост и надеж. Целиот напор околу организација на овој настан го заборавивме за миг, кога ја видовме радоста во нивните очи. За некого уште една играчка, но за овие деца исполнување на нивните желби и соништа. Се разделивме со ветувања. Тие ни ветија дека овие таблети ќе ги искористат до максимум за образовни цели, а ние им ветивме дека нема да бидат заборавени, барем од нас. Ние ќе си стоиме на борот, како и досега, а по она што го почувствуваме при нашата средба, сигурни сме дека и тие ќе го исполнат своето ветување. Нема да застанеме овде – и во иднина ќе се трудиме на било каков начин да помогнеме на оние на кои им е потребна помош“, рекоа младите членови на невладината младинска организација „Transparent Future“ од Велес.

Тие најавуваат следни проекции на филмови на отворено во текот на летото.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8822/vakczinata-protiv-koronavirus-razviena-od-univerzitetot-oksford-dava-mnogu-dobri-rezultati/