Реклама

Бројката на нови случаи во Штип драматично порасна последнава недела

stip-2

Не заврши ни вториот, а Штип веќе го погоди трет бран на корона вирусот. Бројката на нови случаи драматично порасна последнава недела. Во домашен карантин се 579 лица. Надлежните велат бројките загрижуваат, но нови рестрикции нема иако вирусот освен во конфекциите влезе и во државни и општински институции.

Zito akcija 640x289px

„Доколку продолжи ширењето на заразата, секако дека може да ни се случи повторно карантински викенд, полициски час, затворање на градот, и се она што е потребно и се она што ќе препорача владата, но верувам , а и убеден сум дека граѓаните нема да го дозволат тоа со целосно почитување на сите препораки“, изјави Благој Бочварски градоначалник на Штип.

Agria

Останува препораката да одат на одмор фирмите каде има регистрирано позитивни случаи. Засега нема да има нов скриниг на конфекциите иако најголем дел од заболените се текстилни работници. Во текстилстилството во Штип работат 7000 луѓе, па според штипскиот градоначалник тоа би бил сериозен предизвик, кој не носи никаква гранција за заштита од вирусот. Засега ќе се оди на поединечно тестирање, но во фабриките, според него, клучно е поставувањето на ковид координатори.

„Сметам дека поставување на ковид координатори е важен процес, и мора да продолжи со работа таков еден член во секоја компанија, и да им дава поддршка и помош на останатите вработени. Да им укажува за последиците , а притоа да не дозволува поголемо групирање“, изјави Благој Бочварски градоначалник на Штип.

Добра вест е дека во однос на вчера се намалил бројот на хоспитализирани пациени на штипско инфективно. Таму сега се лекуваат 46 пациенти,   но тоа може и да се измени во текот на денот со оглед на бројот на новозаразени.

Можеби ќе ве интересира: