Истражувачите прават добар напредок во развојот на вакцини против коронавирусот, при што неколку од нив се во завршна фаза од тестирањето, но нивната употреба не може да се очекува пред 2021 година, објави СЗО.
Светскатада Здравствена Организација работи да се обезбеди правична дистрибуција на вакцините, но додека таа не се развие, државите треба да се трудат да го спречат ширењето на коронавирусот, изјави шефот за вонредни ситуации Мајк Рајан.
„Имаме добар напредок. Неколку вакцини се во третата фаза од тестирањето и досега ниедна не потфрлила во поглед на безбедноста и поттикнувањето на имунолошкиот одговор. Реално, вакцинирањето би можело да почне во првата половина на следната година“, изјави Рајан.
Рајан го посочи Балканот како еден од деловите каде што ситуацијата со Ковид-19 е една од најкритичните места.
„И додека во Западна Европа болеста е ставена под контрола, гледаме загрижувачки трендови на југот на Европа и на Балканот“, изјави Рајан.
Можеби ќе ве интересира: