Со оглед на тешката ситуација во која се наоѓа целиот свет, докторите и медицинскиот персонал се оние кои неуморно 24 часа се на своите работни места.
Др.Демерџиев од Скопје, вели дека крајно време е докторите и медицинските сестри да одат на одмор.
„Крајно време е сите доктори и медицински персонал да одиме на одмор додека завршат крштевки, свадби, журки. Некој пет месеци децата не си ги видел, на три вечери дежура за некој да се забавува. Па многу ми е гајле дали кластерот се викал Аватар, свадба во …. На сите тие, тестовите, лекувањето приватно да им се наплаќа“, пишува на својот фејсбук Др. Демерџиев.
Докторите од земјава велат дека со месеци ги немаат прегрнато своите најблиски. Постојано апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштитата и доколку немаат потреба, да не излегуваат од дома, бидејќи тоа во моментов е едниствената заштитата од коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: