Бродот Галеб Јосип Броз Тито на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, вчера пристигна од хрватското бродоградилиште Далмонт во Краљевица, до бродоградилиштето „Виктор Ленац“. Причината за пристигнувањето е обнова на бродот, коешто ќе трае околу еден месец.
Се работи за целосна санација, реставрација и пренамена. Покрај миењето и отстранувањето на бигорот во бродот, ќе бидат заменети челичните плочи на подводниот и површинскиот дел од надворешниот дел од трупот, демонтирање на сидрото, заштита од корозија, како и некои други неопходни работи.
Бродот на Тито по враќањето во Далмонт, се претвора во музеј, во кој секој ке може да го посети.
Зафатот е дел од проектот Туристичка валоризација на репрезентативни споменици на индустриското наследство на Ријека. За тоа Градот Ријека доби 68,9 милиони куни (нешто помалку од 9,2 милиона евра), од Европскиот фонд за регионален развој во рамките на Оперативната програма за конкурентност и кохезија.
Можеби ќе ве интересира: