Реклама

Времето денес, сончево со услови за нестабилно попладне

Veles_saat

Денес времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Zito akcija 640x289px

Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од западен правец додека во останатите предели ќе биде од југозападен и од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Agria

За време на претстојниот викенд во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури нема многу да се менуваат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 9 и 10.

Можеби ќе ве интересира: