Реклама

Нема ново заразени велешани од коронавирус

veles sarmaale

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски изјави дека неофицијалните информации говорат дека денес во Велес и велешко нема регистрирано нови позитивни случаи на Ковид-19, а четири од заболените оздравеле.

Zito akcija 640x289px

Исто така тој ја сподели и информацијата од Центарот за јавно здравје дека во Велес вкупната бројка на заболени со Ковид-19 изнесува вкупно 209 лица, од нив 172 оздравени, 13 починати и 24 се водат како активни случаи  (7 се наоѓаат на Инфективното одделение во Општата болница во Велес, 15 се на домашно лекување, еден отслужува затворска казна во КПД „Идризово” и еден се наоѓа во Градската Општа болница „8 Септември” во Скопје).

Agria

Градоначалникот Коцевски потенцираше дека иако болните на Инфективното одделение се во добра состојба, не треба да се опуштаме за да не дојде до сценарио слично на она во Свети Николе или во другите општини каде на почетокот од здравствената криза немаше забоелени од вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9004/zapochna-sudeneto-na-ekspretsedatelot-na-skopskiot-krivichen-sud/