Реклама

Повторно двоцифрен број на зааразени од Ковид 19 во Штип

Stip bez maski

Во Штип и денес двоцифрен раст на  заболени од корона вирус. Од Центарот за јавно здравје очекуваат потврда за над 22 новозаразени. Со нив Штип од стартот на пандемијата стигна до 700 граѓани со Ковид 19.

Zito akcija 640x289px

Со оглед на тоа дека во моментот се активни 370 случаи, значи дека повеќе од половина од новозаразените вирусот го добиле од почетокот на месецов. Најголем дел од потврдените случаи се текстилни работници и нивни контакти, а веќе се затворени  три конфекции.

Agria

И покрај алармантниот раст засега не се планираат рестрикции, но таа опција останува отворена ако броките продолжат да растат.  Добра вест  е што се намали бројот на хоситализиани. До утринава  на инфективно во Штип се лекуваат 44 граѓани.

Можеби ќе ве интересира: