Реклама

Свети Николе бара пункт за тестирање за коронавирус

Sveti Nikole

Бројчаникот на потврдени случаи на корона вирусот во Штип не престанува да врти. За дестина дена регистрирани се околу двесте нови позитивни на Ковид 19. Само денес се запишани 16. Од вкупниот број на случаи на корона, 386 штипјани во контакт со вирусот дошле последниот месец. Конфекциите каде има поголем број заболени се затворени, а поединечни случаи се појавија во шест нови.

Zito akcija 640x289px

“Речиси сите нови се контакти на претходно потврдените случаи на корона вирус. Поединечни случаи има речиси секаде. Во конфекции, во приватни фирми, институции. Нашите епидемиолошки анкети покажаа дека главна причина е непочитување на мерките”, велат од Центарот за јавно здравје Штип.

Agria

Алармантно е и во двете соседни општини Свети Николе и Лозово. Таму вирусот стигна од штипските конфекции на почетокот од Јули и од тогаш бројката континуирано расте. Во моментот активни се 198 случаи. Општинскиот кризен штаб  на Свети Николе бара од Центарот за јавно здравје од Велес да отвори мобилен пункт во градот за тестирање на Ковид 19. Бараат и санитетско возило за транспорт на болните во болниците во Велес и Штип.

„Ќе побараме од владата набавка на возило, односно отстапување на едно санитетско возило за Здравниот дом во Свети Николе се со цел носење на заболените лица во центрите за јавно здравје во Велес и Штип, кој што дел од заболените се со помали симптоми“, вели градоначалникот на Свети Никлое Сашо Велковски.

Инаку на штипско инфективно се лекуваат 46 пациенти. Денес е починат 76 годишен штипјанец со претходни заболувања. Тој во болницата е примен со негативен тест на корона вирус, но со тежок облик на пневмонија. Претходно бил сместен во Домот за стари лица во Радовиш што поради дестина потврдени случаи на корона вирус Комисијата за заразни болести го стави во карантин.

Можеби ќе ве интересира: