Последно коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед сам си ја крои судбината

c3d0994915cee2229495c0d6ab6dd1e3

Трофејниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед го дели еден бод од пласман во Лигата на Шампионите следната сезона. Целта треба да ја оствари на денешниот натпревар од последното коло против директниот ривал Лестер. Во пресрет на овој натпревар Јунајтед е на третото место на табелата со 63 бода, Лестер е петтопласиран со еден бод помалку.

Zito akcija 640x289px

„Натпреварот со Лестер не е најважниот во сезоната, но е следниот натпревар, а следниот натпревар секогаш е најважен. Денешниот резултат нема да ни ја дефинира сезоната зато што досега имавме многу дефинирачки моменти“ – вели, Оле Гунар Солскјер.

Agria

За место во елитното натпреварување сезонава на Лестер му е неопходна победа. Во битка за третата и четвртата позиција е и Челси кој е четвртопасиран со 63 бода, а денеска игра со Вулверхемптон.

Ако Манчестер Јунајтед ги освои трите бода, „ѓаволите“ не само што ќе имаат место во ЛШ туку и ќе завршат на третата позиција. Јунајтед теоретски и со пораз од Лестер, би можел во Лигата на Шампионите ако Челси загуби од Волците кој пак се борат за место во Лигата на Европа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9090/ischezna-devojka-na-27-godishna-vozrast/