Реклама

СДСМ: Ќе формираме влада која ќе испорача уште подобри резултати

105973928_3294728123891850_7901750342335289323_o

Во наредниот период следува формирање на Влада предводена од СДСМ, која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, порачаа социјалдемократите утрово преку соопштение испратено до медиумите.

Zito akcija 640x289px

Од СДСМ порачаа дека се подготвени да работат уште повеќе и подобро и да го испорачаат резултатот што го очекуваат граѓаните.

Agria

“Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство. Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност“, велат од СДСМ.

Колаицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори освои 46 пратеника, а колацијата “Обнова“ 44 пратеника, ДУИ 15, Алијанса за Албанците – Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.

Можеби ќе ве интересира: