Реклама

ВМРО-ДПМНЕ: Живот дојде само за лицата блиски до СДСМ

vmro-2-35ls7gweiblstz5r9fu6m8

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста вели дека Зоран Заев и СДСМ во овој мандат не сработиле апсолутно ништо. Не успеале да реализираат ниту едно ветување кои го имаше во предизборната кампања.

Zito akcija 640x289px

„Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов Клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат разговори за формирање влада, но ниту од една партија досега не потврди дека формалните разговори се почнати посочувајќи дека има само неформална комуникација. Од СДСМ најавија дека ќе почнат со преговорите по Илинден.