
Цените на горивата повторно одат надоле – но овој пат само малку. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просел за 0.26%.
Тоа значи дека Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат за половина денар помалку. Така, според новите цени, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 59,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 61.50 денари.
Еуродизелот останува со непроменета цена во однос на претходно, па така тој и понатаму ќе се точи за 53 денари по литар гориво.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Mожеби ќе ве интересира: