Реклама

Повеќе оздравени од заразени, шестмина починаа

testiranje Covid19 997x485

И денес бројката на заразени од коронавирус е троцифрена. Радосна вест е што има повеќе озфравени отколку заболени.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19.

Agria

Најмногу во Скопје 52, а со висок број на позитивни случаи се и Штип со 29, Гостивар 13 и Кавадарци 10. Следуваат Куманово и Тетово по шест нови случаи, Македонски Брод со три, Прилеп, Битола и Виница со два, и по еден нов случај има во Кочани, Пробиштип и Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени, починати се шест лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

Можеби ќе ве интересира: