Реклама

Адвокатите на Панчевски побараа изземање на судечкиот судија

Pancevski sud 3

Денеска продолжи судењето за поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Процесот се одвива во велешкиот суд. Во судница денеска како сведоци беа повикани поранешниот В.Д. претседател на Кривичен, Стојанче Рибарев како и актуелниот шеф на скопска единица Иван Џолев. Неговите адвокати бараа изземање на судечкиот судија.

Zito akcija 640x289px

„Она што денес се случуваше беше едно флагрантно кршење на човековите права на Владимир Панчевски и бевме приморани да побараме изземање на судечкиот судија па ќе видиме што ќе се случи. Што друго да ви кажам, станува збор за едно евидентно повреда на човековите права до тој степен што едноставно сите постапувања и сите ускратувања зрачеа со една неправичност. бевме приморани за барање на изземање.“ рече адвокатот на обвинетиот Петро Јанура.

Agria

Панчевски е обвинет за манипулации на АКМИС системот и поради тоа што предметите наместо електронски ги делел на рака кај судии кои сметал дека му се од доверба додека беше на чело на Кривичен.

Можеби ќе ве интересира: