Реклама

Се утврдуваат причините за сообраќајна несреќа со смртни последици кај Радовиш

Soobrakajka

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш – планина Плачковица, каде во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот, информират од ОЈО Радовиш.

Zito akcija 640x289px

Според првичните сознанија, што ги поседува обвинителството до несреќата дошло кога мотор марка Јамаха, управуван од 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило Фолксваген голф со кој управувал возач на возраст од 28 години. Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и двајца сопатници во голфот се здобиле со телесни повреди.

Agria

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило.

Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира: